Корисни совети за да му/и помогнат на вашиот близок да ги зема лековите исправно и редовно

Корисни совети за да му/и помогнат на вашиот близок да ги зема лековите исправно и редовно

Деменцијата можеби ќе се одрази врз меморијата на вашиот близок, на нивното расположение и однесување. Исто така можеби ќе се случи вашиот близок да не сака да ги зема лековите.

Ако вашиот близко можел да води сметка за своите лекови со години и без помош од страна,

  • можеби нема да сака да ја побара вашата помош
  • може да ви се налути што се обидувате да му/и помогнете со лековите
  • можеби и ќе знае дека прави грешки со лековите но ќе се обиде да ги скрие овие грешки
  • може и да заборави за што се некои или сите лекови

Тука се наведени неколку корисни сугестии од луѓе кои што се грижеле за некој со деменција. Не заборавете дека некои идеи може да работат добро некогаш, но не секогаш.

  • Ако дозволуваат околностите, земајте ги и вие своите лекови во истото време како и вашиот близок. Кога ќе ве видат дека и вие земате лекови можно е и тие да сакаат да ги земат нивните.
  • Изнесете ги нивните лекови заедно со јадењето, на пример лековите што ги земаат на утро изнесете ги заедно со појадокот.
  • Ако одбијат да ги земат лековите, насочете им го вниманието на нешто друго за кусо време и потоа обидете се повторно да им ги дадете лековите.
  • Ако вашиот близок треба да зема многу лекови и му/и е тешко да ги зема заедно, обидете се да му/и ги дадете во две или повеќе одделни групи.
  • Задржете го истото време за лекови на кое што се навикнати. Ова е особено важно ако вашиот близок се преселил во друго место на живеење или се вратил дома после престој во болница.
  • Ако вашиот близок не го сака вкусот или бојата на некои од лековите, или му/и е тешко да ги голтне лековите, прашајте го докторот или аптекарот дали може лековите да се здробат. Или пак, прашајте го докторот или аптекарот дали лекот може да се најде во друга форма, како на пример во течност или како фластер за лепење на кожата.

Важна забелешка: само одредени лекови можат безбедно да се здробат, затоа е важно секогаш да го го прашате докторот или аптекарот пред да решите да здробите некој лек.

Издробените лекови може да се скријат во храна што вашиот близок ја сака како на пример житна каша, јогурт или пире од зеленчуци. Немојте да користите благи јадења за да ги скриете лековите ако вашиот близок има дијабетес (шеќерна болест).

За да си ја олесните работата можете да купите направа за дробење лекови. Прашајте во локалната аптека или во најблискиот Центар за самостојно живеење која е најдобрата направа за вашите потреби (видете под точка 5 за податоците за контакт).

  • Редовно проверувајте кај докторот дали вашиот близок се уште треба да ги зема сите лекови.
Pill Crusher
Pill Crusher

Некои од понудените идеи во овој сегмент можеби ќе ви ја олеснат работата околу водењето сметка за лековите на вашиот близок. Вие знаете што работи најдобро затоа што вие го познавате вашиот близок подобро од сите други.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s