Како да водите грижа за себе

Водењето грижа за некој што има деменција може да биде многу заморно.

  • Побарајте помош од семејството или пријателите.
  • Обидете се да организирате некого со кого ќе можете да го оставите вашиот близок одредено време секоја недела за да можете да се одморите.

Исто така би можеле да организирате вашиот близок да отиде во дневен центар за лица во години. За да може тоа да се организира, стапете во контакт со Тимот за вршење увид во потребите за нега на лица во години (Aged Care Assessment Team) при најблиската регионална болница.

Покрај вашиот доктор и аптекар, можете да добиете корисна поддршка во секое време на денот или ноќта од Советодавната служба за однесувањето на лицата со деменција (Dementia Behavioural Management Advisory Service).

  • Телефон: 1800 699 799. 24 часа на ден
  • Интернет страна: DBMAS Site

Може да ви помогне ако разговарате со други луѓе кои исто така се грижат за некој што има деменција. Можеби ќе можете да споделите корисни идеи или едноставно да зборувате за тоа што ве загрижува. Добро место за средба со други луѓе е групата за поддршка за лица што се грижат за близок што има деменција. За информации за групите за поддршка во вашето подрачје ве молиме јавете се на бројот на Националната служба за помош за деменција 1800 100 500 или побарајте огласи во весниците на вашата заедница за времето кога се одржуваат средбите на групите за поддршка. Локалните општини исто така имаат именик на организациите шти нудат поддршка.

Има исто така и групи за луѓе кои зборуваат други јазици покрај англискиот. За податоците за контакт на вашата накблиска група, јавете се кај Координаторот на програмата за лица што се грижат за близок со деменција или Мултикултурната здравствена служба во локалната болница.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s