Побарајте копија од листата на Информации за потрошувачите и нивните лекови

Побарајте копија од листата на Информации за потрошувачите и нивните лекови

Аптеките честопати издаваат листови со Информации за потрошувачите и нивните лекови заедно со лековите. Информациите ги има само на англиски.
Consumer Medicine Information Sheet
Consumer Medicine Information Sheet (Reproduced with permission from permission from NPS MedicineWise)
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Корисни совети

Корисни совети

Добро би било ако ја понесете најновата листа на лекови на вашиот близок секогаш кога ќе одите на прегледи во болница и кај други здравствени стручни лица како заболекари или кога вашиот близок ќе отиде на одмор. Ако вашиот близок зема други лекови што не се препишани од доктор, како на пример витамини што ги купиле од аптека, супермаркет или продавница за здрава храна, не заборавете да проверите дали и тие се запишани во листата. Ве молиме да запишете исто така ако вашиот близок има некакви алергии на лекови. Ставете една копија од оваа листа во ќесето или чантата на вашиот близок и една копија носете со вас.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Побарајте листа на лековите

Побарајте листа на лековите

Листа на сите лекови што вашиот близок ги прима можете да добиете од нивниот редовен аптекар. Оваа лист содржи информации како:
  • Генеричко име и името на марката на секој лек
  • За што се користи секој од лековите
  • Јачината на секој лек
  • Колку од лекот треба да се зема секој ден
  • Ако има специјални упатства, на пример некои лекови треба да се земат пред или после јадење
  • Кои се можните придружни ефекти од лековите на кои што треба да се внимава
  • Како да се постапи ако се пропушти една доза од лекот
  • Кога треба вашиот близок да отиде пак на доктор на контрола пред да продолжи со земањето на лекот
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Побарајте да се проверат лековите

Побарајте да се проверат лековите

Најлесен начин како да дојдете до сите информации што ви се потребни за лековите на вашиот близок е да закажете со аптекарот да ги провери лековите. На денот на средбата понесете ги сите лекови што вашиот близок ги прима, вклучувајќи ги и оние лекови што ги купиле од супермаркет или продавниците за здрава храна.
Аптекарот ќе ви објасни вам и на вашиот близок за што се користи секој од лековите и кога треба да се зема. Аптекарот исто така ќе може да одговори и на другите прашања, ако ги имате во врска со лековите на вашиот близок.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Разговарајте со локалниот аптекар на вашиот близок

Разговарајте со локалниот аптекар на вашиот близок.

Аптекарите се корисен извор на информации кога станува збор за лекови. Важно е секогаш да одите во истата аптека за да можете вие и вашиот близок добро да се запознате со аптекарот.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Разговарајте со докторот на вашиот близок

Разговарајте со докторот на вашиот близок

Можете да го прашате докторот на вашиот близок (општиот доктор или специјалистот) се што сакате да дознаете во врска со лековите.
  • Одете заедно со вашиот близок на доктор и кажете му на докторот дека вие сте тие што помагате со водењето сметка за лековите.
  • На секоја посета на доктор понесета ја со вас листата на лекови на вашиот близок и побарајте докторот да ве информира за секоја промена на лековите.
  • Ако лековите на вашиот близок се промениле, замолете промените да се напишат. Објаснете им ги промените на вашиот близок кога ќе се вратите дома.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Како да најдете информации за лековите на вашиот близок

Како да најдете информации за лековите на вашиот близок

Луѓето во години често имаат повеќе од едно заболувње, што значи вашиот близок можеби треба да прима неколку лекови секој ден. Постојат неколку начини како да се дознае за нивните лекови.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Вовед

     Македонија аудио верзија


Информациите во овој прирачник ќе бидат корисни ако на блискиот за кој што се грижите му/и е кажано дека имаат деменција или Алзхајмерова болест.

Луѓето со деменција или Алзхајмерова болест не можат да памтат како порано. Како што минува времето нивната меморија ќе се влоши. Тие може лесно да станат збунети за едноставни нешта како на пример во колку часот да ги земат своите лекови или за што се лековите што ги примаат. Може да заборават што им рекол докторот или аптекарот за нивните лекови. Ќе им биде тешко да научат како да ги прават новите работи. Ваквите промени се случуваат затоа што дел од нивниот мозок е оштетен од болеста.
Алзхајмеровата болест е тип на деменција. Понатаму во прирачникот ќе се користи само зборот деменција.
Ако се грижите за некој со деменција, ќе треба да размислите за тоа како да им помогнете да ги вршат работите на поинаков начин, за да продолжат и понатаму безбедно да ги земаат своите лекови. Овој прирачник ќе ви даде неколку идеи што можат да му/и помогнат на вашиот близок да продолжи да ги зема соодветните лекови во соодветно време.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница