Корисни совети за да му/и помогнат на вашиот близок да ги зема лековите исправно и редовно

Корисни совети за да му/и помогнат на вашиот близок да ги зема лековите исправно и редовно

Деменцијата можеби ќе се одрази врз меморијата на вашиот близок, на нивното расположение и однесување. Исто така можеби ќе се случи вашиот близок да не сака да ги зема лековите.
Ако вашиот близко можел да води сметка за своите лекови со години и без помош од страна,
  • можеби нема да сака да ја побара вашата помош
  • може да ви се налути што се обидувате да му/и помогнете со лековите
  • можеби и ќе знае дека прави грешки со лековите но ќе се обиде да ги скрие овие грешки
  • може и да заборави за што се некои или сите лекови
Тука се наведени неколку корисни сугестии од луѓе кои што се грижеле за некој со деменција. Не заборавете дека некои идеи може да работат добро некогаш, но не секогаш.
  • Ако дозволуваат околностите, земајте ги и вие своите лекови во истото време како и вашиот близок. Кога ќе ве видат дека и вие земате лекови можно е и тие да сакаат да ги земат нивните.
  • Изнесете ги нивните лекови заедно со јадењето, на пример лековите што ги земаат на утро изнесете ги заедно со појадокот.
  • Ако одбијат да ги земат лековите, насочете им го вниманието на нешто друго за кусо време и потоа обидете се повторно да им ги дадете лековите.
  • Ако вашиот близок треба да зема многу лекови и му/и е тешко да ги зема заедно, обидете се да му/и ги дадете во две или повеќе одделни групи.
  • Задржете го истото време за лекови на кое што се навикнати. Ова е особено важно ако вашиот близок се преселил во друго место на живеење или се вратил дома после престој во болница.
  • Ако вашиот близок не го сака вкусот или бојата на некои од лековите, или му/и е тешко да ги голтне лековите, прашајте го докторот или аптекарот дали може лековите да се здробат. Или пак, прашајте го докторот или аптекарот дали лекот може да се најде во друга форма, како на пример во течност или како фластер за лепење на кожата.

Важна забелешка: само одредени лекови можат безбедно да се здробат, затоа е важно секогаш да го го прашате докторот или аптекарот пред да решите да здробите некој лек.

Издробените лекови може да се скријат во храна што вашиот близок ја сака како на пример житна каша, јогурт или пире од зеленчуци. Немојте да користите благи јадења за да ги скриете лековите ако вашиот близок има дијабетес (шеќерна болест).
За да си ја олесните работата можете да купите направа за дробење лекови. Прашајте во локалната аптека или во најблискиот Центар за самостојно живеење која е најдобрата направа за вашите потреби (видете под точка 5 за податоците за контакт).
  • Редовно проверувајте кај докторот дали вашиот близок се уште треба да ги зема сите лекови.
Pill Crusher
Pill Crusher
Некои од понудените идеи во овој сегмент можеби ќе ви ја олеснат работата околу водењето сметка за лековите на вашиот близок. Вие знаете што работи најдобро затоа што вие го познавате вашиот близок подобро од сите други.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Размислете за користење потсетник за лекови

Размислете за користење потсетник за лекови

Постојоат неколку производи што можат да се употребат за да му/и помогнат на вашиот близок за да се потсети да ги земе лековите. Тие особено помагаат ако преку ден нема кој да дојде да го провери вашиот близок.
  • Кутии за апчиња со електронски потсетник за земање лекови (Electronic Medicine Reminder Pill Boxes) со аларм што може да се програмира да засвири кога е време да се земе секој од лековите.
    Electronic pill boxes
    Electronic pill boxes
  • ‘Кадекс рачен часовник со потсетник (‘Cadex Medicine Reminder Watch’) што го покажува датумот и времето со големи бројки. Овој рачен часовник има аларм што ќе засвири и ќе го покаже името на лекот што треба да се земе.
    Cadex Medicine Reminder Watch
    Cadex Medicine Reminder Watch
  • ‘Синиот телефон‘ (The ‘Blue Phone’) е таков телефон што може да се програмира да го потсетува вашиот близок да ги зема лековите.
  • Автоматската кружна направа за лекови (‘Careousel Automated Medicine Dispenser’) има светло што трепка или аларм што свири кога е време да се земе лекот. Лековите се вадат со тоа што се врти внатрешното тркало на кружниот контејнер (како вртелешка) до местото каде што е отворот, тој се преврќа за лековите да паднат или во раката или врз чинија.
    Careousel Medicine dispenser
    Careousel Medicine dispenser
Разговарајте со вашиот близок за да дознаете кој тип на потсетување за лекови би сакале да го користат. Ако сакате повеќе информации обратете се во локалната аптека или во Центарот за самостојно живеење (Independent Living Centre (ILC) во вашата држава (погледнете под точка 5).
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

На што треба да се внимава

На што треба да се внимава

Пластичните пакувања помагаат, но вашиот близок сепак може да се збуни кога ќе ги зема лековите. Проверувајте го пакувањето секоја недела за да се уверите дека вашиот близок ги зема соодветните лекови во точно време.
На некои луѓе можеби ќе им е тешко да ја притиснат фолијата за да ги извадат лековите од пластичното пакување. Во тој случај, зборувајте со персоналот во локалната аптека или најблискиот Центар за самостојно живеење (Independent Living Centre (ILC) каде што можете да најдете повеќе информации за направи што ќе им помогнат, како што е така наречениот Pil-Bob (Проверете ја точка 5 за повеќе податоци за најблискиот Центар за самостојно живеење)
Pill boo
Pill bob
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Други корисни страни на пластичните пакувања (blister packs)

Други корисни страни на пластичните пакувања (blister packs)

  • Можеби на вашиот близок ќе му/и биде полесно да ги извади таблетите од пластичното пакување отколку да ги отвора капачињата од шишињата во кои се продаваат таблетите.
  • Лесно е да се види дали се испиле лековите.
  • Најновата листа на лекови е напишана на пластичното пакување
  • Понекогаш аптекарот ќе може да преведе некои од зборовите на пакувањето ако вашиот близок не знае да чита на англиски.
  • Вашиот аптекар може да ве потсети вас или вашиот близок кога треба да земете нова рецепта за лековите во пакувањето.
  • Ако вашиот близок треба да ги земе лековите додека е во центарот за едно-дневна рекреација за луѓе во години, ќе треба да ги испратите лековите во пластичното пакување (blister pack) или во оригиналното пакување од аптека.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Зборувајте со аптекарот за пластично пакување (blister packs) како на пример Вебстер пакување (Webster-paks)

Зборувајте со аптекарот за пластично пакување (blister packs) како на пример Вебстер пакување (Webster-paks)

Лековите може да ги спакува и локалниот аптекар во така наречени пластични пакувања (blister packs) како на пример Вебстер пакувања (Webster-paks). Во овие пакувања обично може да се стават лекови за една недела. Секој ден од неделата е означен на пакувањето и за секој ден има простор од четири места за лекови. Ова е безбеден начин да се организираат лековите и е особено корисно ако вашиот близок треба да зема разни лекови во различно време.
Blister Boxes
Blister Boxes
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Кутии за лекови во кои треба да се стават таблетите

Кутии за лекови во кои треба да се стават таблетите

Вие или вашиот близок можете да ги ставите лековите во специјални кутии што се купуваат од аптека. Овие кутии, што понекогаш се викаат кутии за апчиња или dosette boxes (на англиски), ќе му/и олеснат на вашиот близок да знае кои лекови да ги земе и кога. Можеби ќе треба да помогнете заедно со вашиот близок да ги ставите таблетите во кутивчињата секоја недела.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Како да бидете сигурни дека вашиот близок на време ќе ги земе лековите

Како да бидете сигурни дека вашиот близок на време ќе ги земе лековите

Постојат неколку начини на кои што можете да му/и помогнете на вашиот близок да запамти да ги земе соодветните лекови во точно време. Идеите наведени овде може да му/и помогнат на вашиот близок да се потсети кои таблето да ги земе и кога.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Користете прведувачки услуги кога е потребно

Користете прведувачки услуги кога е потребно

Можете и вие и вашиот близок да ја користите телефонската преведувачка служба за да ви помогне да ги разберте информациите за лековите.
  • Владата на Австралија има обезбедено бесплатна преведувачка служба кога луѓето што не зборуваат англиски одат во посета на докторот или аптекарот.
  • Докторите и аптекарите треба да се регистрираат за да можат да ја користат оваа служба.
  • Ако докторот или аптекарот на вашиот близок не се регистрирани за телефонската преведувачка служба, можете да ги замолите да се регистрираат.
За повеќе информации за службата:
Телефон 131450
или одете на интернет страницата:
www.immi.gov.au/living-in-australia/help-with-english/help_with_translating/free-services.htm#b
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Научете повеќе за генеричките лекови

Научете повеќе за генеричките лекови

Кога ќе отидете со рецепт да ги земете лековите, аптекарот можеби ќе ве праша дали вашиот близок би го сакал истиот лек но со пониска цена. Ваквите лекови се викаат генерички лекови затоа што активната состојка е иста како и во лековите со марка што обично ја примаат иако бојата на таблетата, обликот, големината и пакувањето можеби се различни.
Ако вашиот близок земе генерички лек, тој ќе дејствува на истиот начин, ќе ги има истите корисни карактеристики и истите можни придружни ефекти како и нивните вообичаени марки на лекови. Ако мислите дека на вашиот близок им дале генерички лек наместо вообичаената марка на лекот, проверете го пакувањето на лекот и видете дали се напишани две имиња. Едно од овие имиња е марката што најчесто е напишана со големи букви. Другото име, најчесто напишано под името на марката, е активната состојка што прави лекот да дејствува. Уверете се дали името на активната состојка на генеричкиот лек е истата како и на вообичаената марка на лекот на вашиот близок. На пакувањата ќе биде различна само марката на лекот.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница

Каде да најдете информации за лековите на интернет

Каде да најдете информации за лековите на интернет

Некои луѓе одат на интернет за да најдат информации за лековите што ги прима нивниот близок. Информациите на интернет не се секогаш од извор на кој што може да му се верува.
Проверете дали информациите што ги читате на страниците на интернет се најнови и дали ги води проверена група на која што може да им се верува како на пример страница на австралиската влада или позната група за поддршка. Сите тврдења за некој лек или за метод на лечење треба да биде поткрепен со научни студии.
Две интернет страници што можете да ги посетите и на кои што може да им се верува се:

Здружение на Австралија з-а Алзхајмерова болест

  • Оваа интернет страница содржи информативни страници за лековите што најчесто се даваат за деменција.
  • Сите информативни страници на интернет странта на Здружението на Австралија за Алзхајмерова болест (Alzheimer’s Australia) може да се побараат и на други јазици.

fightdementia

Национална служба за препишани лекови на рецепт

  • Оваа интернет страница има ифнормации за сите лекови и содржи совети за како да се зема соодветниот лек во точно време.
  • Некои информации за лековите може да се најдат и на други јазици.

nps

Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница