Размислете за користење потсетник за лекови
Постојоат неколку производи што можат да се употребат за да му/и помогнат на вашиот близок за да се потсети да ги земе лековите. Тие особено помагаат ако преку ден нема кој да дојде да го провери вашиот близок.
-
Кутии за апчиња со електронски потсетник за земање лекови (Electronic Medicine Reminder Pill Boxes) со аларм што може да се програмира да засвири кога е време да се земе секој од лековите.
-
‘Кадекс рачен часовник со потсетник (‘Cadex Medicine Reminder Watch’) што го покажува датумот и времето со големи бројки. Овој рачен часовник има аларм што ќе засвири и ќе го покаже името на лекот што треба да се земе.
-
‘Синиот телефон‘ (The ‘Blue Phone’) е таков телефон што може да се програмира да го потсетува вашиот близок да ги зема лековите.
-
Автоматската кружна направа за лекови (‘Careousel Automated Medicine Dispenser’) има светло што трепка или аларм што свири кога е време да се земе лекот. Лековите се вадат со тоа што се врти внатрешното тркало на кружниот контејнер (како вртелешка) до местото каде што е отворот, тој се преврќа за лековите да паднат или во раката или врз чинија.
Разговарајте со вашиот близок за да дознаете кој тип на потсетување за лекови би сакале да го користат. Ако сакате повеќе информации обратете се во локалната аптека или во Центарот за самостојно живеење (Independent Living Centre (ILC) во вашата држава (погледнете под точка 5).
◄ | ► | |
---|---|---|
Кликни за да се вратиш назад | Кликнете за следната страница |