Вовед

     Македонија аудио верзија


Информациите во овој прирачник ќе бидат корисни ако на блискиот за кој што се грижите му/и е кажано дека имаат деменција или Алзхајмерова болест.

Луѓето со деменција или Алзхајмерова болест не можат да памтат како порано. Како што минува времето нивната меморија ќе се влоши. Тие може лесно да станат збунети за едноставни нешта како на пример во колку часот да ги земат своите лекови или за што се лековите што ги примаат. Може да заборават што им рекол докторот или аптекарот за нивните лекови. Ќе им биде тешко да научат како да ги прават новите работи. Ваквите промени се случуваат затоа што дел од нивниот мозок е оштетен од болеста.
Алзхајмеровата болест е тип на деменција. Понатаму во прирачникот ќе се користи само зборот деменција.
Ако се грижите за некој со деменција, ќе треба да размислите за тоа како да им помогнете да ги вршат работите на поинаков начин, за да продолжат и понатаму безбедно да ги земаат своите лекови. Овој прирачник ќе ви даде неколку идеи што можат да му/и помогнат на вашиот близок да продолжи да ги зема соодветните лекови во соодветно време.
Кликни за да се вратиш назад Кликнете за следната страница